Во изминатите неколку недели многу се зборуваше за заминување на Едерсон од Манчестер Сити, но како што стојат работите, на крајот ништо нема да излезе од тоа.
Бразилецот е еден од клучните играчи во тимот предводен од Пеп Гвардиола, а во Англија пристигна од Бенфика летото 2017 година за 35 милиони фунти.
Се појавија информации дека Едерсон би можел да го напушти „Етихад“, а „виновна“ е понудата која стигна од Саудиска Арабија, поточно од тимот на Ал-Итихад.
Фабрицио Романо сега потврди дека трансферот на Едерсон во Саудиска Арабија пропаднал, но откри и дека овој клуб донел нов голман.
„Пропадна договорот за трансфер на Едерсон во Ал Итихад од Манчестер Сити.