Кошаркарската репрезентација на Македониија до 18 години го одигра најдобриот натпревар на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија и со победа над Португалија од 71-42 се пласира во полуфиналето.
Избраниците на селекторот Андреевски експлодираа во СРЦ „Кале“ и донесоа значајна победа. Во меч во кој немаше осцилации, во кој се водеше од самиот почеток до крајот,
Македонија влезе меѓу најдобрите четири на еврошампионатот и само една победа ја дели од сигурно место во А-дивизијата.
Најдобар стрелец кај Македонија беше Марко Луканоски со 17 поени и 14 скока, пред Никола Јаничиќ со 16 поени, седум скока и четири асистенции.
Двоцифрен учинок имаа и Стефан Стојковиќ (13 п.) и Лука Марјановиќ (10 п.). Кај Португалија Натан Норона заврши со 12 постигнати поени.