Арон Ван-Бисака многу веројатно ќе ја продолжи својата кариера во Вест Хем. Според медиумите на Островот, 26-годишниот десен бек ги договорил личните услови со „чеканите“ од Лондон.
Поранешниот младински репрезентативец на Англија ќе потпише договор до летото 2029 година.
Сепак, двата клуба допрва треба да се договорат за трансферната сума. Лондончани досега испратиле понуда од 10 милиони фунти, додека Манчестер Јунајтед бара 18 милиони фунти