Македонија УЖАС

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Се организираат незаконски борби на кучиња, животните крвави по овој ужас

Со овој ужасен чин се прекршуваат низа законски одредби.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Се организираат незаконски борби на кучиња, животните крвави по овој ужас

Во околината на Охрид, на излезот кон Струга, на јавна површина е направен ринг за борби на кучиња, информираат од „Лајка“.

-Ликови, добро познати и на полицијата, си организираат борби и мува не ги лази (заради наша безбедност моравме да ги цензурираме лицата). Со пехари, со присуство на лица од други градови и држави (претходно во кампот Андон Дуков се организираа, и ширум други струшки и тетовски села), со цела организираност која е апла воочлива и за полицијата која со години никого не санкционирала (од наши извори дознавме дека еднаш и била набркана кога по пријава отишле на сред една ваква борба полна крвопролевање на недолжни битија), велат од „Лајка“.

Со овој ужасен чин се прекршуваат низа законски одредби.

-Кутри животинчиња, недолжно измачувани и злоупотребувани заради нечии психички и душевни изместувања. Од овие зла, подлога се создава и за зла учинувани и врз луѓе, тешко таа држава која таа вистина не умее или не сака да ја воочи, велат од „Лајка“.

Целата нивна објава со вознемирувачки фотографии и извадоци од законите кои не се почитуваат, погледнете во продолжение:

Најнови вести од Македонија

To top