Борис Матиќ, таткото на хрватската џудистка Барбара Матиќ, која го освои златниот олимписки медал е приведен во Париз под сомнение за сексуален напад на волонтерка за време на натпревар.
Девојката во полиција пријавила дека Борис Матиќ со сила ја бакнал додека ја славел победата на својата ќерка во четвртфиналето од Олимписките Игри.
24-годишната волонтерка била шокирана од однесувањето на таткото на хрватската златна џудистка, рекла дека таа се обидела да го одбие, но тој на сила ја бакнал во устата. Таткото на Барбара Матиќ бил приведен во Париз и во моментов е под истрага, по што против него ќе биде поднесена пријава.
За време на мечот, тој не бил на своето место, волонтерката го замолила да се врати, а тој ја одбил. Борис Матиќ бил посебно гласен за време на борбата, а кога неговата ќерка победила, тој бил пресреќен.
Во тој налет на радост наводно ја фатил младата волонтерка за рамењата и на сила ја бакнал во устата и побегнал по скалите. Девојката била шокирана и отишла во полиција и раскажала што се случило.