Кошарка

Двајца македонски кошаркари во игра за МВП на шампионатот во Скопје

Двајца македонски кошаркари во игра за МВП на шампионатот во Скопје

Коста Ќириловски и Стефан Стојковиќ се најдоа на списокот на ФИБА од 14 кошаркари кои се кандидати за МВП признанието на Европското Првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје.и каде двајцата македонски репрезентативци во моментот водат на оваа топ листа.

Македонија со пет победи во исто толку одиграни меча во групната фаза се пласираше во четвртфиналето каде за противник ќе ја има селекцијата на Португалија.

To top