Од италијанскиот фудбалски клуб Лацио ги демантираа дека клубот има интерес за колумбиската легенда Хамес Родригес.
33-годишниот фудбалер во моментов е без клуб, а последно играше за Сао Паоло, но нема да пристигне на „Олимпико”.
Хамес Родригес одигра квалитетно на Копа Америка и стана МВП играч на турнирот. Колумбиецот се поврзува и со шпанскиот прволигаш Селта, како и со Порто.