Фудбал фудбал

Сепак, ништо од Олмо: Лајпциг пак ја одби Барселона

Иако најпознатиот светски инсајдер Фабрицио Романо денеска објави дека Дани Олмо ги договорил личните услови со Барселона и неговиот трансфер во Каталонија е само прашање на време, од тоа се уште нема ништо.

Понудата од Барса беше 55 милиони евра веднаш и уште 7 милиони евентуално преку бонуси, но тоа за бундеслигашот не е доволно. Од Лајпциг бараат повеќе пари и еднократна исплата, без рати и бонуси што за Барселона е речиси неприфатливо.

Единствената шанса шпанскиот вицешампион да го добие Олмо пред почетокот на првенството во Ла Лига е самиот фудбалер да направи притисок, но тоа во овој моментов е неизвесно. Ова е втора понуда која Лајпциг ја одбива откако претходно Барселона понуди 40 милиони евра во готово и 20 милиони преку бонуси.

To top