Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз победи во два сета, но американскиот тенисер, Томи Пол му пружи голем отпор на фаворитот.
Во првиот сет Пол потфрли само во еден гем, а тоа беше доволно за да го загуби сетот со 6-3.
Пол направи брејк предност во вториот сет, имаше водство од 5-3, но Алкараз успеа да се врати и да го однесе сетот во тај-брејк.
Во тајбрејкот Пол имаше и сет топка која не успеа да ја искористи, Шпанецот ја погоди втората меч топка и го доби мечот. Резултатот во тајбрејкот беше 9-7.
Алкараз во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Каспер Руд и Оже-Алиасим.