Желбата за слатки често се поврзува со потребата да се утешиме, но ефектот не трае долго, па затоа е подобро да го „пресечеме“ вишокот јаглехидрати со здрава доза на протеини, советуваат експертите.
Незапирливата желба за слатки често може да се поврзе со потребата за „удобност“, бидејќи храната со висока содржина на шеќер го стимулира ослободувањето на „хормоните на среќата“, ендорфините и допаминот. Но, тоа не значи дека големо количество јаглехидрати ќе ве одржуваат долго среќни.
Нивото на енергија што ни го даваат слатките брзо се троши и брзо се намалува, што предизвикува нова желба за слична храна, за што поскоро да ви го врати доброто расположение. Ова не доведува во циклус кој најчесто води до зголемување на телесната тежина.
За среќа, постојат намирници кои можат да го прекинат тој циклус на желба за слатки – посегнувањето по протеини ќе помогне да се балансираат нивото на шеќер во крвта и да се намалат енергетските скокови и падови, така што желбата за шеќер и јаглехидрати не треба да се појавува.
Значи, јадете повеќе месо, риба, јаткасти плодови, семки, авокадо, ладно цедено, природен јогурт, јајца и путер од семки, советува нутриционистот Лили Саутер.
Исто така, само една лажичка цимет дневно ќе ја намали желбата за јаглени хидрати. Тоа ќе го балансира нивото на шеќер во крвта, што ќе го намали „налетот“ на инсулин после оброкот што доведува до желба за храна што содржи јаглени хидрати. Додадете малку цимет во храната или чајот, пишува Daily Mail.
Покрај тоа, погрижете се вашето тело да спие доволно. Ако спиете премалку, телото ќе бара дополнителни калории во текот на денот за да обезбеди енергија. Истражувањата покажаа дека внесуваме 300 до 400 калории повеќе во текот на денот без сон.