Нов член на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, е хрватскиот репрезентативен голман Филип Ивиќ.
Голот на битолчани ќе го чува искусен и проверен голман, кој низ професионалната кариера настапувал во ракометни земји како Хрватска, Полска, Германија, Словенија, Франција.
Освен за Загреб Ивиќ играше за Киелце, Гумерсбах, Целје Пивоварна Лашко и Шамбери.