Македонија

Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпишаа Меморандум за соработка

Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпишаа Меморандум за соработка

Кабинетот на претседателот и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кои го потврдуваат интересот за продолжување и зајакнување на меѓусебната соработка во насока на промоција на принципот на еднаквост, превенција и заштита од дискриминација.

Меморандумот беше потпишан од страна на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот, Ѓорги Божинов и претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Игор Јадровски.

Врз основа на Меморандумот, двете институции ќе преземаат координирани активности, чија цел е промоција на принципот на еднаквост, превенција од дискриминација и промоција на еднакво и целосно уживање на сите човекови права и основни слободи на граѓаните.

Согласно Меморандумот, институциите ќе соработуваат во однос на заеднички медиумски активности и настани за стратешки прашања од областа на еднаквоста и недискриминацијата, обезбедување обуки и тренинзи од Комисијата за вработените во Кабинетот за сензибилизирање и градење капацитети за недискриминација и еднаквост, покровителство на Претседателката при организирање јавни дебати и тркалезни маси за носење или измени на закони и политики во насока на унапредување на еднаквоста, како и користење на Народните канцеларии на Претседателката за организирање активности и настани на Комисијата.

Најнови вести од Македонија

To top