Фудбал

Филип Антовски потпиша со Брера Струмица

Филип Антовски потпиша со Брера Струмица

Македонскиот фудбалски тим Брера Струмица денеска потпиша со Филип Антовски.

Младиот лев бек доаѓа во Брера по настапите во Карвина Чешка чиј член беше од минатата година.

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија потекнува од Вардар, а потоа направи трансфер во вториот тим на Динамо Загреб.

Играше и за младинскиот тим на оваа екипа, но поради повреди не успеа да се наметне на првиот тим.

Играше како позајмен во Славија Софија, потоа во Б тимот на Австрија Виена, па се врати во Хрватска во тимот на Истра. Во 2023 година отиде во Карвина.

 

 

 

 

To top