На 31.07.2024 околу 11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. „Архиепископ Доситеј” со ул.„Ристо Секирчанец” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пасат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(27) од с. Гостиражни и патничко моторно возило марка „поло” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(40) од Прилеп.
По несреќата М.М. со возило на Итна медицинска помош Прилеп е пренесена во Градска болница Прилеп каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.