Свет Обилни дождови

Две лица загинаа во поплавите во Њу Делхи

Жителите на главниот град во изминатите неколку месеци доживеаја серија екстремни временски појави, од високи температури до поплави и обилни врнежи од дожд.

Две лица загинаа во поплавите во Њу Делхи

Најмалку две лица загинаа во главниот град на Индија, Њу Делхи, откако обилните дождови доведоа до поплави, а училиштата денеска беа затворени бидејќи се предвидуваат нови врнежи, соопштија властите.

Жителите на источните предградија на индискиот главен град вчеравечер ги зафати ненадеен силен дожд, при што наврнаа вкупно 147 милиметри дожд на метар квадратен, соопшти индиската метеоролошка служба.

Министерката за водоснабдување во Њу Делхи, Атиши, на мрежата X објави дека две лица загинале откако паднале во канализациски одвод поплавен од вода. Таа, исто така, нареди училиштата да се затворат во текот на денот затоа што е веројатен ќе има повеќе дожд.

Жителите на главниот град во изминатите неколку месеци доживеаја серија екстремни временски појави, од високи температури до поплави и обилни врнежи од дожд. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top