Занимливости

ОБНОВЕНО: Не е точно дека во турското село Халфети растат ретки природни црни рози

ОБНОВЕНО: Не е точно дека во турското село Халфети растат ретки природни црни рози

ОБНОВЕНО: Не е точно дека во турското село Халфети растат ретки природни црни рози

Вистиномер не успеа да најде докази и факти дека црните рози природно растат во Турција или во кој било друг дел од светот. Единственото нешто што е блиску до црната роза се многу темноцрвените рози, наречени Црни магични рози или рози Бакара

Објава на Фејсбук тврди дека Турција, поточно селото Халфети, е единственото место во светот каде растат природни црни рози.

Турција е единственото место во светот каде растат природни црни рози, хранети од водите на Еуфрат. Многу редок вид на цвеќе, само во селото Халфети, југоисточната провинција Шанлиурфа, во близина на провинцијата Урфа. Во текот на летото се појавуваат црни, во другите сезони се многу темно црвени. Оваа сорта се должи на густината на почвата и комбинацијата на антоцијани, пигменти растворливи во вода; Почвата има огромно влијание врз овој тип на пигмент, бидејќи е доста чувствителна на pH вредност.

Оваа дезинформација кружи најмалку од 2013 година, кога RocketNews24 објави приказна за ретка црна роза. Со оваа дезинформација се занимавале проверувачите на факти од Сноупс уште пред осум години.

Потеклото на приказната за црната роза следело низ ланец на дезинформации. RocketNews24 го цитира блогот на јапонски јазик Karapaia, кој пак, цитирал приказна од 2007 година објавена од Todays Zaman, која наводно се засновала на локална вест објавена во Анадолија. Некаде во текот на процесот се родила гласината дека црните рози природно се појавуваат во Турција, пишува Снопупс.

Додека многу темно црвените рози (кои може да изгледаат речиси црни) растат во природата, фотографиите прикажани во видео со повисока перспектива или кои беа вклучени во написот на Rocket News, се или дигитално манипулирани или на нив се прикажани обоени рози, пишува Сноупс во својата анализа.

На пример, првата роза прикажана во видео со повисока перспектива е дигитално затемнета:

Можно е да постои тип на цвет со екстремно темна боја што е роден во Турција, но доколку постои, не е прикажан на овие фотографии, пишува Сноупс.

Што се однесува до фотографијата искористена во објавата што ја анализираме, таа е производ на вештачка интелигенција.

На фотографијата сите цветови се иста големина, немаат пупки и стеблата им се со иста висина. Листовите се чисти и здрави, што доволно говори дека фотографијата не е од природни цветови. Дополнително ја проверивме на алатката за проверка на дигитално креирана содржина Hive moderation, и таа ни покажа дека фотографијата 99,8 отсто содржи елементи на вештачка интелигенција.

Вистиномер не успеа да најде докази и факти дека црните рози природно растат во Турција или во кој било друг дел од светот.

Единственото нешто што е блиску до црната роза се многу темноцрвените рози, наречени Црни магични рози или рози Бакара. Не постои вистинска црна роза што ја создала мајката природа. Сепак, розите можат да бидат обоени црни за да дадат црна боја.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека објавата што ја анализираме е неточна.

Најнови вести од Занимливости

To top