Фудбал

Познати четвртфиналните парови на олимпискиот фудбалски турнир

Познати четвртфиналните парови на олимпискиот фудбалски турнир

Четвртфиналето меѓу Франција и Аргентина би било класичен дерби дуел на две селекции со квалитетни играчи, но последното соочување во нокаут натпревар донесе посебен антагонизам меѓу двете земји и нивните фанови.

Аргентинците победија во финалето на СП во Катар, а оттаму тргнаа и одредени провокации кон поразената Франција, нешто што кулминираше токму пред почетокот на ОИ.

Дел од членовите на сениорската репрезентација, предводени од Енцо Фернандез скандирале дискриминаторски песни и слогани на сметка на Французите, па тоа предизвика скандал откако излезе во јавноста.

На олимписката пресметка ќе настапат помлади играчи со поддршка на селекторскиот избор за фудбалери кои имаат повеќе од 23 години, но Французите сигурно нема да заборават на провокациите и се очекува жестока атмосфера во Бордо.

Во останатите четвртфинални пресметки ќе се сретнат Мароко-САД, Шпанија-Јапонија и Египет-Парагвај , а сите натпревари се играат на 2. август.

To top