Фенербахче се пласираше во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА, а во истото коло се сели и Лугано, но Лигата на Европа на УЕФА. Швајцарскиот клуб поведе, но Турците направија пресврт и во судиското надополнување ја постигнаа втората победа во двомечот – 2:1 (0:1).
Во 7. минута Белхаѓ ги разочара навивачите на Фенербахче. Да го искористеше зицерот Беслими во 25. минута, којзнае како ќе завршеше овој двомеч за избраниците на Жозе Мурињо.
Сепак, во продолжение домаќините се активираа, Душан Тадиќ го одигра целиот меч и имаше силно влијание врз конечниот исход, но клучен беше Един Џеко. По центаршутот на Хакан Јандас, тој во свој стил ја погоди мрежата за израмнување, па Себастијан Шимански за триумф го искористи додавањето на Тадиќ.
Во третото коло Фенербахче ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Партизан и Динамо Киев.
Резултати квалификации:
Карабак – Линколн 5:0
Петрокаб – АПОЕЛ 1:1
Фенербахче – Лугано 2:1
Спарта Прага – Шамрок 4:2
ТНС – Ференцварош 1:2
Во тек:
Слован Братилсава – НК Цеље 4:0
Клаксвик – Малме 1:2.