Кошарка

КК Пелистер потпиша со Димитар Пандев

КК Пелистер потпиша со Димитар Пандев

Од денес нов член на КК Пелистер е Димитар Пандев. Пандев, кој е висок 208 сантиметри, може да игра како на крилната, така и на центарската позиција, па за очекување е дека ќе биде од големо значење во играта под кошевите.

Пандев изминатата сезона ја помина во екипата на Кожув ,каде бележеше 6 поени, 4 скока и 1 асистенција во просек.

Пред овој потпис екипата на новиот тренер Александар Петровиќ се засили со Брајан Антоан, Виктор Ташовски, Андрија Бојиќ и Бобан Стајиќ.

To top