Кошарка

Кадетската кошаркарска репрезентација поразена во финалето на турнирот во Гевгелија

Кадетската кошаркарска репрезентација поразена во финалето на турнирот во Гевгелија

Македонската машката репрезентација за играчи do 16 години го освои второто место на турнирот „Боби Петковски“ кој викендов се одржуваше во Гевгелија.

По двете победи, прво над селекцијата на Романија, а потоа и против Швајцарија, македонските кадети го загубија финалниот натпревар на турнирот од селекцијата на Израел со 71-53.

Поените за нашата кадетска селекција на овој натпревар ги постигнаа: Цветковски 12, Ѓорѓевиќ 10, Нешовиќ 7, Терзиевски 7, Стојановски 6, Ефтимовски 5, Петковски 2, Богевски 2, Донев 2.

To top