На 27.07.2024 во 13.45 во ОВР Гостивар, 45- годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Б.Џ. од Гостивар за сума од 1.800 евра.
Според пријавеното, во февруари тој му оставил возило на поправка и му ги дал парите, а пред еден месец Б.Џ. го известил дека возилото го дал на лице во Тетово да ја заврши работата.
Како што е пријавено, во телефонски разговор лицето од Тетово го известило дека возилото е поправено и откако Б.Џ. ќе му надомести за завршената работа ќе можат да си го земат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.