Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил продолжува да го “хејта” Французинот Руди Гобер. Тој често го критикуваше Французинот и смета дека едноставно е преплатен. Не може да поверува дека некој со просек од 12 поени има договор од 205 милиони долари.
„На 42-годишна возраст, ќе постигнев 12 поени и ќе имав осум скока по натпревар. Ќе имав полоша статистика на оваа возраст. Тоа не е провокација, тоа е факт. По ѓаволите, момчето зема толку пари“, рече Шек.
По мечот меѓу Франција и Бразил, каде што Гобер одигра прилично скромна партија и речиси немаше никакво влијание врз играта, О’Нил повторно се сети на својот стар познаник.
На Инстаграм објави фотографија со ликот на францускиот кошаркар кој работи на каса со порака: „Руди Гобер да не беше 216 сантиметри“, порака од О’Нил, кој алудира на тоа дека тој веројатно би работел на каса во трговски центар.