ОВЕН
Денеска може да почувствувате потреба да бидете сами некое време. Следете го тој порив, одвојувањето време за себеси ќе ви даде можност да се одморите или да се почестите на некој начин. Не експериментирајте со вашето тело преоптоварувајќи го, силата брзо ќе ве напушти.
БИК
Повеќето од вас денеска ќе сакаат само да се излежуваат или да се дружат во пријатно друштво. Ако имате желба да направите нешто, тоа веројатно ќе биде поврзано со домашните обврски, да се почестите со вкусен оброк или да создадете поголема удобност во домит.
БЛИЗНАЦИ
Денеска можете да направите кратка пауза по седмицата исполнета со настани и емоции. Дури и да ви биле пријатни искуствата, веројатно сега ќе почувствувате потреба да бидете извесно време сами, да гледате филм или да се посветите на активност за којашто немавте време изминатите денови.
РАК
Ќе покажете склоност кон трошење пари, но постои можност подоцна да зажалите што сте го направиле тоа. Ако не сте апсолутно сигурни дека мора да купите нешто, почекајте неколку дена додека не се уверите дека го сакате или дека навистина ви е потребно.
ЛАВ
Денешниот ден ќе ви мине под мотото: „Одмор и само одмор“. Опуштете се што е можно повеќе и воопшто не се занимавајте со решавање на проблемите, особено ако се поврзани со работата. За некои од вас денот ќе биде исполнет со повеќе емоции а причината е конкретна личност кон која имате силни чувства.
ДЕВИЦА
Доколку токму денеска сте на одмор, тогаш сте го одбрале вистинското време – патувањето, забавата и љубовта ќе одат рака-под-рака. Ако ништо не оди според планот денеска, не грижете се и препуштете му се на текот на настаните, судбината си ја знае работата и не треба да се мешате во нејзините работи.
ВАГА
Денеска постои веројатност да преовлада некоја ваша лоша навика и подоцна да зажалите. Грижете се повеќе за вашето здравје и бидете свесни за можностите на вашето тело. Ако не одморате затоа што имате многу задачи дома или на работното место, немојте да се чудите доколку се чувствувате лошо и вашето тело е исцрпено.
ШКОРПИЈА
Доколку денеска добиете згодна прилика да бидете извесно време сами и слободно да создавате, не пропуштајте ја – сигурно ќе бидете задоволни од постигнатото. Во текот на денот ќе бидете склони кон самотија и нема да сакате времето да го минувате во бучно друштво.
СТРЕЛЕЦ
Денеска подобро сведете ја активноста на минимум, денот е многу погоден за да се опуштите како што ви одговара. Ако преземете некој поинтензивен ангажман, работата ќе ве преокупира и не е ни чудо што се нервирате, па затоа е подобро да не се форсирате.
ЈАРЕЦ
Ве очекува лежерен, дури и мрзелив ден, во кој најдобро е да бидете некаде на плажа или на планина. Можеби ќе ви треба повеќе сон. Ако сакате да се причините задоволство, почестете се и оставете ги домашните работи за друг ден.
ВОДОЛИЈА
Доколку имате некаков договорен состанок за овој ден, ќе мора да вложите повеќе напори за да го одржите. Можно е нешто да тргне наопаку во последен момент, погрешно да го пресметате времето, растојанието или погрешно да ги процените вашите опции. Ќе имате тенденција да трошите пари на работи што не ви се неопходни.
РИБИ
Доколку денеска ви е потребна поддршка или совет, не двоумете се да ги побарате – споделете го тоа што ве мачи со блиска личност која ќе ве разбере и може да ви помогне. Не се присилувајте да правите работи што не ви се допаѓаат само затоа што „така треба“, ќе се чувствувате лошо и ќе зажалите.