Рејтинг на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди, откако доби милион евра во тендери и бизнис од 10 милиони евра од власта на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека Рејтинг на Спасов била единствена агенција според која СДС водеше, дури и кога катастрофално губеше, сега гледаме и зошто.
-Нема друга агенција за мерење на јавно мислење која толку длабоко била влезена во бизниси со поранешната власт. Добиените милиони очигледно се мотив плус да се води ПР-от на СДС, кој се темели на лажни вести и клевети.
СДС одамна го испушти кормилото, па мора да препушта ПР да им водат агенции како Рејтинг кои ги чинеа милиони додека беа на власт. Очигледно е дека ништо не е сменето во таа партија, се вели во соопштението на партијата.