Кошарка

Расел Вестбрук потпиша за Денвер Нагетс

Расел Вестбрук потпиша за Денвер Нагетс

Нов член на НБА тимот на Денвер Нагетс е Расел Вестбрук. Искусниот плејмејкер потпиша договор на две години и ќе заработи нешто помалку од седум милиони долари.

Минатата сезона Вестбрук играше на 68 натпревари во лигата за Лос Анџелес Клиперс каде во просек  постигнуваше по 11,1 поен.

Потоа беше дел од трејд со Јута, меѓутоа овој договор беше прекинат и тој слободно се пресели во Колорадо.

To top