Младиот фудбалер доаѓа назад во Вардар по година и половина во редовите на Македонија Ѓорче Петров.
Се работи за 18-годишен фудбалер кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска или плејмејкер.
Младиот Сековски беше дел од младинските категории на Вардар во минатото, а зимата во 2023 година се пресели во Македонија Ѓорче Петров. Тој веќе се приклучи на соиграчите на крајот на подготовките во Словенија.