Во времето на римскиот император Трајан, свети Прокло беше осуден на смрт поради непочитување на јазичничките богови.
Инаку, тој потекнуваше од селото Калипта, што се наоѓало близу денешна Анкара. Додека Прокло го водеа на губилиште напред истрча она момче Илариј и извика дека и тој е христијанин. Така тој во вечноста го врза своето име за името на свети Прокло.
Прокло беше погубен уште истиот ден, а по три дена и Илариј беше обезглавен.