Свет Германија

Шолц: Ќе се кандидирам за канцелар на сојузните избори во 2025 година

На прашањето дали сака да го следи примерот на американскиот претседател Џо Бајден кој најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател, Шолц рече дека нема и ќе се кандидира повторно.

Шолц: Ќе се кандидирам за канцелар на сојузните избори во 2025 година

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека има намера повторно да биде кандидат на Социјалдемократската партија (СДП) за премиер на сојузните избори во 2025 година.

„Сите сме решени заедно да одиме на следните сојузни избори и да победиме. Како канцелар повторно ќе се кандидирам за канцелар“, рече Шолц на традиционалната летна прес-конференција во Берлин, одговарајќи на прашање за лошите анкети на СПД.

На прашањето дали сака да го следи примерот на американскиот претседател Џо Бајден кој најави дека повеќе нема да се кандидира за претседател, Шолц рече дека нема и ќе се кандидира повторно. (МИА)

To top