Македонија средба

ЛФМ: Проблемот со оружјето ќе биде решен

ПРОБЛЕМОТ СО ОРУЖЈЕТО ЌЕ БИДЕ РЕШЕН!

ЛФМ: Проблемот со оружјето ќе биде решен

Фејсбук статус на Ловечка Федерација на Македонија:

ПРОБЛЕМОТ СО ОРУЖЈЕТО ЌЕ БИДЕ РЕШЕН!

Деновиве се одржа прва средба помеѓу Претседателот на Ловечката Федерација на Македонија Влатко Алексовски и Министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски, на којашто се разговараше за следното:

1. Постапување по над 17 илјади предмети по барање за добивање дозвола за набавка на оружје, коишто со години се во постапка за одлучување;

2. Изготвување на нов закон за оружје;

3. Поставување на сообраќајни знаци ,,Дивеч на пат”, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и заштита на дивечот.

Претседателот Влатко Алексовски недвосмислено го искажа ставот на ЛФМ, итно да се постапи по над 17-те илјади предмети, за кои секој ловец вложил околу 500 евра за собирање на сите документи (обука, полагања, денгуби, патни трошоци, административна такса, лекарско уверение), па така, 17 илјади по 500 евра се 8,5 милиони евра, кои ловците ги вложиле во постапката.

ЛФМ ги заштитува правата и интересите на ловците и во таа смисла, се залага овие парични средства да не им пропаднат. Притоа, Претседателот на ЛФМ побара да се земат на одговорност лицата во МВР кои придонеле за ваквата состојба!

Министерот и Претседателот се согласија дека е неопходно итно да се формира работна група за изготвување на нов закон за оружје, согласно европските директиви. Од страна на

Претседателот на ЛФМ беше предложен ,,патоказ” за изготвување на новиот закон, кој беше прифатен од страна на Министерот.

Министерот потенцираше дека во иднина при постапување по предметите за добивање на дозвола за набавка на оружје, ќе биде укинато ,,дискреционото право” на МВР, бидејќи остава простор за корупција при одлучувањето!

Останува разговорите да продолжат во наредниот период, со дефинирање на сите дејствија за решавање на проблемот во врска со оружјето.

Министерот како и повеќе пати досега, повторно ја потврди поддршката кон ЛФМ и ловците, со искрени желби проблемите да се разрешат, за што во името на ЛФМ сме му благодарни и ќе изградиме партнерски однос и ќе ја зајакнеме соработката помеѓу ЛФМ и МВР.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top