Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна турнирот во Португалија, Фигуеира да Фоз, што се игра за награден фонд од 100.000 долари.
Таа во првата рунда ја победи Анастасија Иамачикне од Чиле (23 години), која на турнирот „влезе“ како „лаки лузер“. Ѓорческа триумфираше со 2-0 во сетови (62 64) за 87 минути.
Во следната рунда македонската тенисерка за противничка ќе ја има петтата носителка Ариане Хартоно од Холандија (28 години, 163.место ВТА), која во првото коло ја победи квалификантката од Украина Натерина Володко со 2:0 во сетови (64 63).