Фудбал

Манев: Англичаните се светска класа, ама тоа беше само мотив плус за нас

Манев: Англичаните се светска класа, ама тоа беше само мотив плус за нас

Расположението во нашиот табор беше на високо ниво по овој позитивен резултат, па на јавноста ѝ се обрати и Јован Манев.

„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа во голем број и не поддржаа, тоа беше поттик за нас. Ние сме млада екипа и сме во процес, затоа сум горд на моите соиграчи. Се надевам дека со овој резултат нема да застанеме овде, затоа што имаме многу квалитет и сега уште поголема мотивација, по ова реми со Англија. Се надевам дека во следниот циклус ќе излезе на виделина она кое го работиме и заедно ќе се радуваме на нови успеси на Македонија. Англичаните се светска класа, но тоа беше мотивација за нас да ги покажеме квалитетите“, смета стоперот на Осијек.

To top