Првите луѓе на кошаркарската АБА лига одлучија оваа сезона да го укинат Суперкупот во јадранското друштво, иако се одеше на идеја да има контиунитет во ова натпреварување.
Причината е густиот календар на екипите, затоа што АБА лигата сезонава ќе започне на 20 септември и ќе има повеќе натпревари поради проширувањето на бројот на учесници со влегувањето на Спартак Суботица и Дубаи.
Суперкупот требаше да се одигра на 15 септември, но со заедничка одлука истиот е исфрлен од календарот на натпревари за оваа сезона.