Ракомет

Раде Стојановиќ продолжува со својот ангажман во Тримо Требње

Раде Стојановиќ продолжува со својот ангажман во Тримо Требње

Селекторот на машката младинска машка репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, немаше ниту еден ден одмор по завршувањето на Европското првенство во Словенија.

Тој утринава го започна својот нов клупски предизвик во словенечкиот Тримо Требње, и го имаше првиот тренинг со неговите нови избраници.

Стојановиќ нема пауза практично од стартот на подготовките за пролетната полусезона со Тиквеш, а по крајот на Супер лигата, веднаш почнаа подготовките со младинската репрезентација.

To top