На 06.10.2024 со старт од 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски Маратон. Пријавувањето започна уште во март, односно на 28.03.2024 и ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот.
Заинтересираноста е огромна и досега пријавени се учесници од 44 земји. Вториот бран на пријавување и плаќање котизација е веќе во тек и ќе трае до 25.07.2024, а ден потоа цените за учество се менуваат, соопштија организаторите.
Трката има ограничен број на учесници и доколку се пополни предвидениот број на учесници, пријавувањето може да се затвори.
Затоа доколку сакате да бидете дел од најдобрата маратонска приказна Виз Ер Скопски Маратон, искористете го вториот бран на пријавување – http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.
Учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – ЕУ за спорт и трката на 5км. За повеќе информации поврзани со условите за учество, посетете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон на следниот линк: – http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo.