СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ш.(44) од с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 20.12.2023 на пат кон с.Долна Белица, струшко, полициски службеници кај две лица пронашле марихуана која претходно ја набавиле од пријавениот.