Фудбал

ФК Вардар се засили со Камерунецот Данел Донгмо

ФК Вардар се засили со Камерунецот Данел Донгмо

Фудбалскиот клуб Вардар продолжува да го креира тимот за наредната сезона, нов фудбалер е играчот од средниот ред, 23-годишниот Камеруниец, Данел Донгмо.

Донгмо потекнува од академијата на францускиот тим Троа, играше за вториот тим на овој клуб кој настапува во петтата лига на Франција, но има и два настапи во Лига 1.

Тој има настапи и за младинската селекција на Камерун.

To top