После 7 години ставена во заборав на времето, од претходната власт, Македонски железници ја чека светла иднина.
Дека работите одат на подобро на својот фб профил објави Директорот за влеча и одржување Игор Коруноски, каде после 24 часовна непрекината работа е ставена во функција една локомотива. Иако навидум изгледа мала работа но познавачите на железничкиот систем знаат дека за оспособување и ставање во фунцкија на една локомотива потребно е тим од стручни кадри со многу знаења и менаџмент кој ќе го раководи целиот тој процес.
Овој „мал“ почеток нека биде мотив и вовед на една успешна приказна за Македонски железници. Се надеваме дека железницата повторно ќе биде во служба на граѓаните.