Најдобрата светска ракометарка за 2023 година, Норвежанката Хени Рајстад е во трка со времето за настап на олимпискиот турнир во Париз, кој започнува на 25 јуни.
Имено, левиот бек на норвешката репрезентација се обидува да заздрави од повредата на десното стапало, здобиена на пријателскиот натпревар против Франција.
„Се надевам дека ќе бидам подготвена за првиот натпревар со Шведска“, изјави Рајстад за домашните медиуми.