Новиот член на АБА, кошаркарскиот клуб од ОАЕ, Дубаи остана без својот прв човек. Имено Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на Новак, си дал оставка од местата претседател и спортски директор на клубот.
Ова делува по малку сензационално ако се знае какви беа амбициите и на самиот Ѓорѓе Ѓоковиќ, но и на самиот клуб.
Инаку од страна на Дубаи се уверува дека ова ништо не менува и дека тие и понатаму имаат намера да продолжат да се засилуваат пред сезоната во АБА лигата.