Дејан Кулушевски е силна желба на новиот тренер на Наполи, Антонио Конте.
Италијанскиот стратег го ангажираше Кулушевски и во периодот кога го презеде Тотенхем, па сега посакува да го засили и тимот од Серија А со него.
Поранешниот фудбалер на Јувентус е проценет на околу 55 милиони евра, што не е воопшто мала сума за „наполитанците“.
Изминатава сезона постигна осум гола и три асистенции во 39 натпревари во сите натпреварувања за Тотенхем.