Кошарка

Кевин Дурант ќе игра на ЛОИ во Париз

Кевин Дурант ќе игра на ЛОИ во Париз

Американскиот кошаркар Кевин Дурент заздравува од повредата на потколеницата и ќе игра за Соединетите Американски Држави на Олимписките Игри во Париз.

Дурант почна да тренира заедно со остатокот од тимот, а снимките од тренингот на тимот на тренерот Стив Кер покажаа дека повредата на потколеницата на кошаркарот на Феникс е минато.

Дуелот на Соединетите Американски Држави и Србија, кој ќе биде прв и во рамки од првото коло од групната фаза, е закажан за на 28 јули од 17:00 часот во Лил.

To top