Хроника

Велосипедист тешко повреден во Плешенци

Велосипедист тешко повреден во Плешенци

На 18.07.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на локалниот пат Пробиштип-с.Плешенци, во с.Плешенци, патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.З.(57) од с.Долни Стубол, пробиштипско, удрило во велосипед, управуван од Т.В.(38) од с.Плешенци, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

 

To top