По комеморацијата за Жарко Лаушевиќ, која се одржа во Југословенскиот драмски театар, голем број актери пристигнаа на Новите гробишта, каде беше извршен погребот на легендарниот актер.
Погребот по кремирањето на Жарко Лаушевиќ беше извршен денеска на Новите гробишта во Белград.
Семејството и пријателите се собраа да го испратат легендарниот актер во вечното почивалиште.
Во црнина на гробиштата дојдоа ќерките на Жарко Лаушевиќ, Асја и Јана, како и неговиот син Душан.
Големата љубов на Жарко Лаушевиќ, неговата втора сопруга Анита, била целосно скршена и не можела да ги задржи солзите, по што влегле во капелата каде добиле сочувство од присутните.
Неговиот син видно вознемирен и тажен, со поглед на неверување и болка гледаше во ковчегот. Прими сочувство од пријателите и колегите на неговиот татко додека речиси едвај стоеше на нозе.
Да потсетиме, Жарко Лаушевиќ почина на 15 ноември по тешко и кратко боледување. Имаше 63 години.