Македонската ракометна репрезентација за играчи до 20 години го претрпе првиот пораз на Европското првенство, откако загуби од фаворитот Франција со 18-25 (10-12).
Овој пораз не менува многу, бидејќи Македонија веќе имаше обезбедено второ место во групата и ќе разигрува за пласман од 9. до 12. место на турнирот.
Во таборот на Македонија четири ракометари имаа по три погодоци, а тоа беа Калајџиески, Митев, Белистојановски и Стојановски.
Во полуфиналниот плеј-оф за пласман Македонија го чека својот противник и ќе игра со првопласираната селекција од групата 2. Во моментов на тоа место е Унгарија која има 4 бода, а во игра за првата позиција се Хрватска и Словенија