Фудбал

Иван Ракитиќ е нов фудбалер на Хајдук

Иван Ракитиќ е нов фудбалер на Хајдук

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ го раскина договорот со Ал Шабаб од Саудиска Арабија и ќе потпише за Хајдук.

Ракитиќ имаше договор со Ал Шабаб до јуни 2025 година, а платата му беше 15 милиони евра по сезона.

По само шест месеци откако отиде таму реши да се врати во Европа оставајќи им ги милионите на Саудијците.

Фабрицио Романо утрово соопшти дека постигнат е конечен договор меѓу Иван Ракитиќ и Хајдук, кој ќе биде потпишан на две години, со трајност до јуни 2026.

To top