Кошарка

Младата кошаркарска репрезентација загуби и од Словенија на ЕП

Младата кошаркарска репрезентација загуби и од Словенија на ЕП

Младинската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години го претрпе и четвртиот пораз во низа откако во денешното осминафинале загуби од Словенија со резултат 82-71. За разлика од претходните дуели на кои бевме демолирани од страна на противниците, овојпат Македонија одигра квалитетен меч каде на крајот сепак бевме поразени.

Ненад Јовановиќ беше најдобар поединец во нашиот табор со 19 поени, 5 асистенции, но и шест загубени топки. Андреј Шошкиќ реализираше 15, а Симиќ 14 поени за Македонија на денешниот натпревар.

Нашите кошаркари до крајот на шампионатот ги очекува битка од 9. до 16.место, во обид да изборат опстанок во елитното друштво од оваа возрасна категорија за наредната 2025 година.

To top