Шпанскиот фудбалер Тиаго Алкантара соопшти дека става крај на својата фудбалска кариера со само 33 години.
Бразилецот со шпански пасош, потоа најави дека наскоро ќе му се врати на фудбалот и тоа во Барселона.
Тиаго Алкантара ќе биде дел од тренерскиот персонал на Ханси Флик, тренерот побара човек од доверба, кој одлично го познава клубот а знае и шпански, и германски јазик.
Поранешниот фудбалер од средниот ред ги исполнува сите услови, тој порасна во популарната „Ла Масиа“ и играше во првиот тим на Барселона. Одлично знае и германски откако помина 7 години во Баерн Минхен, каде соработуваше и со Ханси Флик.