Иако пред неколку денови тој без проблем бранеше за Шпанија во финалето против Англија, голманот на Атлетик Билбао Унаи Симон мора да ја санира повредата на зглобот од раката.
Симон ќе мора да биде опериран за во иднина да не се повторуваат проблемите со оваа повреда.
Се очекува по операцијата доколку сè биде во ред Унаи Симон да паузира три или четири месеци. Тоа значи дека ќе пропушти десетина кола во новата сезона на Ла Лига со својот Атлетик Билбао.