Фудбал

Белингам викал по Саутгејт во текот на финалето: – Промени нешто, направи нешто

Белингам викал по Саутгејт во текот на финалето: – Промени нешто, направи нешто

Новинарот на „ЕСПН“, Марк Огден објави дека фудбалерот на Реал Мадрид Џуд Белингем, му се развикал во текот на финалето на селекторот Герет Саудгеј

Белингам на крајот на натпреварот беше бесен и силно удри со нога во преносниот ладилник.

Покрај тоа, Огден откри дека офанзивниот играч од средината бил лут и на почетокот на второто полувреме, откако Нико Вилијамс ги доведе Шпанците во водство со 1:0, односно пред Хари Кејн да биде заменет во 61. минута.

„Џуд беше фрустриран. Не знам дали камерата го сними тоа, но пред Кејн да биде заменет, Белингам ги загуби нервите и почна да вика на Саутгејт: ‘Промени нешто, направи нешто.’ И потоа Кејн беше заменет“, изјави Марк Огден, кој смета дека Кејн, капитенот на Англија, не беше доволно добар за време на Европското првенство, на кое постигна три гола.

To top