Овој чудесен светител кој имаше голема сила на зборот се роди во Дамаск во седмиот век и до својата седма година не можеше да зборува. Проговори после едно причестување со божествените дарови.
На 14-годишна возраст замина за Ерусалим и се замонаши во лаврата на свети Сава Освештени. Бргу се истакна со својот свет живот и му стана помошник на ерусалимскиот патријарх. Дури го заменуваше на Шестиот вселенски собор во 681 година.
По тоа време беше назначен за архиепископ на црквата на островот Кипар, со која остана врзан сé до смртта во 712 година. Остави повеќе поетски дела. Најважен е Канонот што се чита во текот на Великиот пост.